Оваа поволност, која има за цел да го поддржи туризмот, ќе се однесува на туристите кои ќе доаѓаат во организирани посети на Македонија преку тур-оператори и ќе важи од почетокот на следната година. Со оваа мерка се очекува да се зајакне конкурентноста на Македонија како атрактивна туристичка дестинација.
Во 2011 година Македонија ја посетиле 327.000 странски туристи што е 25,1 отсто повеќе од 2010. Зголемен е и бројот на ноќевања на странските туристи, за 35,1 процент.
И во 2012 година се очекува ваквиот тренд да продолжи.