Жителите на Македонија, Турција, Бугарија, Србија и Албанија од 1 јануари 2015 година ќе можат да разговараат на мобилен телефон без да плаќаат роаминг, јавува „Телма“.

Ова го предвидува договорот меѓу регулаторите во петте земји, но неопходно е да најдат соодветни правни решенија за негова реализација. Во иницијативата поднесена пред два месеца се вклучени и БиХ и Косово.

Иницијативата ќе се спроведе со потпишување меѓудржавни договори кои ќе мора да бидат верифицирани и во парламентите на земјите. Укинувањето на роамингот ќе се однесува на сите услуги на мобилните оператори: зборување, СМС, интернет…

Инаку, македонија пред две години поднесе барање да стане дел од европскиот роаминг простор, каде што во 28 земји не се наплаќа оваа услуга, но процедурата за вклучување на земјава се одвива споро.

OhridNews

извор: „Телма“