Екипите на „Паркови и зеленило“ , утре ќе започнат активности за уредување на дрворедот од јавори на ул.„Јане Сандански“. Ќе се изврши кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од страна на стручни лица.

–    На овој начин ќе се обезбеди соодветна подготовка на дрвјата пред пролетното раззеленување и цутење, како и подобрување на условите за непречено одвивање на сообраќајот и движење на пешаците, велат од ЈП „Охридски комуналец“.

Од претпријатието со апел до граѓаните и правните лица да ги отстранат паркираните возила за непречено и безбедно изведување на планираните активности.

OhridNews