Едниот брег од каналот Студенчишта кој и припаѓа на локалната самоуправа ќе се уредува од есен, најави Капетанијата на пристаништата.

-На една страна од каналот, која и припаѓа на општината ќе се изгради инфраструктура за прифаќање на пловните објекти. Просторот ќе се уреди и заштити и тука за одреден надомест ќе може да се чуваат безбедно пловните објекти, информираат од Капетанијата.

Според најавите уредувањето на едната страна од каналот Студенчишта, кој е пренатрупан со стари и нефункционални пловила, треба да заврши до следната туристичка сезона.

OhridNews