Општина Охрид планира да издвои 3 милиони денари за уредување на коритото на реката Грашница во делот на градскиот потег од булевар „Туристичка“ до улицата „Желзничка“ и во потегот кон улицата „Аџи Мустафа“. Овој инфраструктурен проект е предвиден во Програмата за уредување на градежно земјиште од 2014 до 2016 година.
Целта на оваа програма, која ја изработи Секторот за комунален развој, сообраќај и улици е да ги реши комуналните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и да обезбеди основни услови за развој на општината.
Новото корито на реката Грашница, беше изградено и пуштено во употреба пред околу две години, но кејот и околината на реката сеуште не е комплетно уредени.
OhridNews