По избор на ЈП „Охридски комуналец“, неколку куќи кои се истакнуваат по својата убавина во централното градско подрачје ќе бидат уредени со цвеќиња од јавното претпријатие.

– Ќе се избираат куќи кои се изградени во стар охридски стил, кои го привлекуваат вниманието со својата убавина и се наоѓаат на улици кои се фреквентни и најпосетувани од страна на туристите. Со наше цвеќе ќе се уредуваат и разубавуваат нивните дворови и балкони, вели Трајан Љаткоски, раководител на Паркови и зеленило.

За оваа цел од јавното претпријатие се издвоени 300 жардиниери и поголем број саксии со сезонско цвеќе. Акцијата е во рамки на проектот „Охрид- град на цвеќето 2012“.

Од страна на претпријатието за оваа летна сезона произведени се вкупно 33000 садници со кои ќе се уредуваат цветните леи во градот и хортикултурните катчиња.

OhridNews