Агенцијата за цивилно воздухопловство веќе потпишала спогодби со САД, со Австралија, со Сингапур, односно со сите оние земји што даваат можност за отворено небо. Во моментов се работи на потпишување спогодба со Канада. Се очекува линијата Канада-САД-Македонија да биде реализирана до летните одмори, пренесува „Нова Македонија“.
Како што објави овој медиум, од Агенцијата велат дека се прават анализи, се работи со воздухопловните власти на овие држави и се врши промоција на Република Македонија пред авиокомпаниите за да се уверат во новите инфраструктурни промени кај нас, во новиот скопски аеродром што го изгради ТАВ.
Инаку, Авиопревозниците „Корендон ерлајнс“ и „Скај ерлајнс“ летово ќе реализираат редовни туристички чартер-летови од Скопје до Анталија, и обратно.
OhridNews