Министерството за внатрешни работи, согласно Законот за внатрешни работи и Законот за полиција, а во врска со одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на селекција и избор на кандидат за полицаец и начинот на работа на комисијата за избор на кандидат за полицаец распиша јавен оглас за вработување на 500 извршители на работно место „Полицаец“. Од нив, во Секторот за внатрешни работи Охрид предвидени се 30 извршители.
Избраните кандидати ќе склучат договор за основна обука за кандидат за полицаец во времетраење од една година, која ќе се спроведе во Центарот за обука и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас. По завршување на основната обука, Министерството за внатрешни работи со кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата, склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец – приправник“.
Министерството за внатрешни работи укажува дека, согласно закон, полицаецот со договорот за вработување се обврзува да остане на работа најмалку пет години на работно место „полицаец“ сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.
Потребната документација кандидатите ја доставуваат секој работен ден во рок од 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување), во текот на работното време (08,30-16,30 часот).
OhridNews












