Ќе се врши евакуација на вработени и ученици од ОСУ „ Кирил и Методиј“
03.05.15 14:28
Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигање на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОСУ „Кирил и Методиј“ при случена несреќа според соодветно сценарио. Вежбата, воедно ќе биде и можност за проверка на капацитетите на ОСУ „Кирил и Методиј“ имплементацијата на планот за евакуација при несреќи во училиштето, што од страна на Црвен крст Охрид беше изготвен за потребите на училиштето во 2010 година.
Вежбата ќе се реализира утре, понеделник, со почеток во 10.45 часот. Заинтересираните граѓани, показната вежба ќе можат да ја следат од посебно обележен простор во кругот на училиштето. Воедно се информираат граѓаните кои живеат во близина на училиштето дека во периодот од 10.45 до 11.15 часот ќе бидат користени сирени на противпожарните и амбулантски возила. Од општинскиот Црвен крст се извинуваат за вознемирувањето.
Инспиративни жени од академската заедница, дипломатијата, јавните институции, индустријата, како и од редовите на студентите и алумни заедницата денес преку нивните професионални искуства и лични п...
Градоначалникот Кирил Пецаков беше дел од државната делегација која кој оставри средби во седиштето на УНЕСКО во Париз Оваа посета, вели Пецаков, е исклучително значајна, бидејќи за прв пат еден гр...
Променливо облачно со сончеви периоди Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег Ќе дува умерен, а долж Повардар...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.