Претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион со Бирото за регионален развој потпишаа договор кој предвидува изработка на три студии- за примена на алтернативните извори на енергија и за туристичките потенцијали на регионот, како и за третирање на отпадните води што влегуваат во реката Црн Дрим од Струга до Дебар.

Предвидено е и да се изврши мапирање на значајните природни и културни локалитети со поставување на соодветна патна сигнализација, а ќе биде изработена и мапа на значајните знаменитости во Југозападниот плански регион. Центарот за развој за потребите на комуналните претпријатија ќе изврши набавка на балирки и преси со цел поефикасно решавање на  проблемите со отпадот од пластика. Со еден од проектите е предвидено да се изврши брендирање на типичните млечни производи што се произведуваат во дебарскиот микро-регион.

До крајот на годинава, Центраот за развој на Југозападниот плански регион  ќе имплементира седум регионални проекти за што се издвоени околу седум милиони денари од Буџетот на РМ за развој на планските региони.

OhridNews