Агенцијата за храна и ветеринарство објави јавен повик за распределба на ветеринарните амбуланти, клиники, односно станици, болниците и ветеринарните служби на одгледувалиште, за спроведување активности од јавен интерес за превенција и сузбивање на заразни болести.

Повикот се однесува за сите општини во Република Македонија. Ветеринарните друштва ќе може да аплицираат за епизоотиолошки единици во кои имаат регистрирано ветеринарна амбуланта, клиника односно станица или болница, како и за оние кои граничат со нив.

Право на учество на јавниот повик имаат сите правни лица кои се регистрирани за вршење на ветеринарно-здравствена дејност, како ветеринарна амбуланта, клиника односно станица или болница и ветринарна служба на одгледувалиште. На повикот може да се јават правните лица регистрирани за вршење ветреинарно-здравствена дејност заклучно со денот на завршување на повикот.

Краен рок за доставување на аликациите до писарницата на Агенцијата за храна и ветринарство е 25 март, до 10 часот, кога ќе се изврши отворање на доставените понуди по овој јавен повик. Во рок од 20 дена од денот на јавното отворање на понудите, Комисијата за спроведување на јавниот повик ќе изврши евалуација на доставените понуди. Во рамки на овој рок, Комисијата може да побара од понудувачите да достават дополнителни информации за појаснување на доставената понуда.

OhridNews