Ќе се зајакнува соработката со УНЕСКО за заштита на Охрид и Охридското Езеро
01.11.11 00:05
Бо Париз во тек е 36-та Генерална конференција на УНЕСКО, на која како македонски претставник учествува експертот за животна средина од Охрид, Дејан Пановски.
Тој како преставник на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе учествува во работниот дел на програмската комисија на УНЕСКО за природни науки, што ќе се одржи денес и утре.
-Утврдена е Платформа на македонската делегација која во делот на заштита на природата поддржува: унапредување на регионалната, субрегионалната и меѓународната соработка , унапредување на заштитата на животната средина, особено со соочувањето на глобалните климатските промени, посебно борба против загадувањето и промени на големите хидро басени, поинтензивни врски со програмата МАБ (човек и биосфера) за реализација на проектите за заштита на биолошката разновидност.-вели Пановски.
Во билатералните контакти главната тема ќе биде зајакнување на соработката со УНЕСКО по однос на заштита на Охридското Езеро и преку тоа управувањето со Охрид во целина со посебно истакнување на донесените нови закони за Заштита на природното и културното наследство во регионот и Законот за заштита на старото градско јадро во Охрид кои се донесени во Собранието на Република Македонија, додава Пановски.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишна жена од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“ ...
По повод големиот верски празник Велики Поклади (ПРОЧКА), традиционално и оваа година во Велгошти, на 22 февруари, недела, ќе се одржи маскенбал „Емшири 2026″ Организатор на маскенбалот е МЗ на сВе...
Во Охрид на 19ти февруари 2026 година (четврток) ќе се одржи проекција на играниот филм „Диџеј Ахмет“, со почеток во 20:00 часот, во просториите на Филмски институт ФИОФА – Охрид, при Универзитетот...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.