– Комората треба да е мост на зближување меѓу двете земји, при што ќе се овозможи брз проток на информации, зближување на компании од ист карактер, а пред се македонските производи да бидат присутни на пазарот во Бугарија, но и бугарските производи во Македонија, беше истакнато на средбата на која учествуваше и Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Раковски Симеонов Лашев.
Основачкото собрание на Македонско- бугарската комора беше одржано на 24 февруари во Скопје, а по иницијатива на бугарската Амбасада во Македонија.
Фото: Александар Ковачески – Фото „Зум“