
Вкупно во проекти од областа на заштитата на животната средина градот ќе инвестира 2 милиони денари. Дел од тие средства ќе бидат потрошени за чистење на коритото на каналот од ул. „Железничка“ до ул. „Стив Наумов“ во должина од 1,5 км.
Околу 1 милион денари општината ќе потроши за набавка на корпи за отпадоци, жардињери за цвеќиња, клупи за седење и автобуски настрешници.












