Со проект вреден 400.000 денари градот Охрид во 2009 година ќе ревитализира делови од Студенчишкото блато каде се наоѓаат природните живеалишта на лебедот.

Вкупно во проекти од областа на заштитата на животната средина градот ќе инвестира 2 милиони денари. Дел од тие средства ќе бидат потрошени за чистење на коритото на каналот од ул.  „Железничка“ до ул. „Стив Наумов“ во должина од 1,5 км.  

Околу 1 милион денари општината ќе потроши за  набавка на корпи за отпадоци, жардињери за цвеќиња, клупи за седење и автобуски настрешници.

Ohridnews