За инвестирање во електричната мрежа за јавно осветлување, што подразбира изградба на мрежа и поставување сијалични места во разни делови на општината, вклучително и селските населби, општината ќе вложи 12 милиони денари.

Со изградба  и проширување на  мрежа  за јавно улично осветлување е предвидено да се опфатат десеттина улици во градското подрачје меѓу кои „Александар Турунџев“ и  „Момчило Јорданоски“  со по 100-тина илјади денари како и селата Велгошти, Љубаништа, Подмоље и Лескоец со по околу 150-200 илјади денари.  Ќе се инвестираат дополнителни 150 илјади денари за  осветлување  улици во повеќе населени места вон градот односно на селските улици.

Најголем дел од средствата, околу 6 милиони денари се планира да се вложат во електричната мрежа  на ул. „Железничка“, а по околу 600 илјади денари ќе се инвестираат во електричната  мрежа на улиците: „Абас Емин“, „Српница“, „Пирин Планина“, „Источно-транзитна“, „8-ми Септември“ и „Даме Груев“. Со средства во висина од 300-400 илјади денари ќе се интервенира во месноста „Чекоштина“, на патеката за месноста  „Канео“.

Ohridnews