Општинскиот совет за превенција, со кој раководи градоначалникот Александар Петрески, во понеделник ќе одржи проширена седница, на која се очекува да присуствуваат и претставници на инспекциските служби и други надлежни државни
институции. 
На состанокот, како што е најавено, ќе се разговара за подготовките околу главната туристичка сезона.
На седницата на Општинскиот совет за безбедност и претходат неколку инциденти и нарушувања на јавниот ред во градот, поради што јавноста очекува надлежните служби задолжени за безбедноста во градот да ги координираат напорите во насока на спречување на вакви појави за време на главната туристичка сезона.
OhridNews