– Во врска со новонастанатата состојба во Охридско Лето, Управниот Одбор, за доброто на фестивалот, за неговиот имиџ и во функција на кредибилитетот на оваа најстара и најреномирана манифестација од културата во Македонија, се залага во најскоро време да се реализираат потребните законски процедури и да продолжат подготовките за успешна реализација на програмата на Охридско Лето 2012 година, заклучи тогаш Управниот одбор на НУ „Охридско лето“.
Во меѓувреме Министерството за култура распиша конкурс за избор на нов директор на фестивалот Охридско лето по скратена постапка, кој според статутот ќе треба да назначи програмски селектори. Покрај со уметност, новиот директор сериозно ќе треба да се позанимава и со финансиските извештаи за работата на фестивалот, кој неофицијално има големи долгови. Колкави се тие долгови не знаат во Управниот одбор, но работите веројатно ќе бидат многу појасни по усвојувањето на завршната сметка, која ќе се разгледува денеска, бидејќи рокот за доставување на истата до УЈП истекува утре.