Шеталиштето на кејот од источната страна на реката Црн Дрим и плоштадот во Струга ќе добијат нов лик, најавуваат од општина Струга.

Оттаму информираат дека деновиве започнале подготвителните работи за реконструкција на кејот, кој според идејниот проект ќе биде поплочен со нови плочки и на него ќе биде поставена модерна урбана опрема. Исто така кејот ќе добие и современо хортикултурно уредување, а доколку се тече според планираното, целокупната реконструкција ќе заврши пред почетокот на туристичката сезона.

Со проектот кој веќе е во фаза на реализација се предвидува формирање на пешачка зона на плоштадот до пред општинската зграда и негово целосно реконструирање.

 

Според информациите кои се објавени на веб страницата на општина Струга за реконструкција на шеталиштето на кејот ќе бидат издвоени 14.500.000 денари или околу 230.000 евра.

 

Исто така деновиве започнале и подготвителните активности за изграба на кружниот тек на раскрсницата Струга-Ќафасан-Струга-Дебар, за кој од општинскиот буџет ќе бидат издвоени 14 милиони денари.

OhridNews