Десната страна на кејот на Црн Дрим во Струга се рапаѓа. Граѓаните мора да внимаваат на икршените плочки и дупките на шеталиштето, кое е во многу лоша состојба. Токму тука деновиве ќе продефилираат поети од целиот свет, учесници на Струшките вечери на поезијата.
Левата страна на Дрим, пак, пропаѓа. Поради оштетувања и опасноста по безбедноста на граѓаните, овој простор е забранет за користење, но не се санира.
Општината и ЕЛЕМ кој врши регулација на протокот на вода во Дримот кај Струга која се користи за производство на електрична енергија во централите по течението на реката, меѓусебно се обвинуваат за проблемот. Општината тврди дека тоа е надлежност на ЕЛЕМ не на општина Струга, бидејќи компанијата го користела и регулирала коритото и тоа е причина што е срушен тој дел. Од ЕЛЕМ ги негираат таквите обвинувања, посочувајќи дека компанијата нема обврска да го санира оштетувањето на кејот, бидејќи тоа е обврска на општината која стопанисува со тој простор, дотолку повеќе што таа добива месечен надомест од ЕЛЕМ од еден процент од произведен киловатчас електрична енергија.
OhridNews