Првата  веб страна во Охрид и Струга, за групни купувања по фантастични  попусти на производи и услуги  дури до  90% www.kelepur.mk,  ја проширува својата дејност.  

Кelepur.mk започнува со нудење на услуги од туризмот. Преку концептот на групни попусти  оваа веб страна ќе рекламира и продава   хотелски односно аранжмани во вили и апартмани  за  престој  на домашни и странски гости во Охрид и Струга. Целта е да се привлечат туристи не само во лето туку и во зима, пролет или есен. И додека  слични веб страни од Македонија  нудат  аранжмани за посета и престој во сите поголеми туристички места во соседните земји, kelepur.mk е прва веб страна во државава на која  масовно ќе се понудуваат аранжмани за престој во домашните туристички центри.

Од www.kelepur.mk најaвуваат масовно рекламирање преку соодветни интернет страни како што е агрегаторот www.bagatela.mk , веб страна која ги собира сите групни попусти во Македонија, вклучувајќи и понуди од категоријата  патувања. Аранжманите кои ќе се постават во оваа категорија на страната www.kelepur.mk, ќе бидат дел од  понудите за патување на агрегаторот www.bagatela.mk.

Најпосетуваниот интернет портал во пширокиот регион www.ohridnews.com и најпознатата социјална мрежа (FB) ќе бидат искористени како канали за рекламирање до таргетираната група на потенцијални корисници од Македонија и регионот, потенцираа од www.kelepur.mk.

OhridNews