Трката за титула во Бундес Лигата, беше решена пред неколку натпревари кога Борусија Дортдмунд на домашен терен го совлада Баерн Минхен со минимални 1-0. Вицешампиони се “баварците“ додека во баражот за Лига на Шампиони, патуваат Шалке и Менхегладбах.


Херта предводена од тренерот Ото Рехагел за момент ја спаси Херта од најлошото, испаѓање во втората лига. Келн на последниот натпревар пред своите гледачи претрпе пораз од вицешампионот Баерн Минхен. Херта со триумфот над Хофенхајм се пласираше на 16-та позиција која води во баражот.

Мх.П.