Ливерпул го донесе третото засилување пред стартот на новата премиерлигашка сезона, потпишувајќи денеска договор со фудбалерот на шкотскиот прволигаш Абердин, Келвин Ремзи.

Потпишувањето договор со Ливерпул е остварување на мојот сон. Ливерпул е еден од најголемите, ако не и најголемиот клуб во светот. Ливерпул не е само голем клуб, туку им дава шанса и на младите фудбалери. Се надевам дека на подготовките ќе покажам што умеам, а потоа ќе се обидам да изборам место во првиот тим, изјави Ремзи за официјалниот сајт на Ливерпул.
Ремзи е трето засилување на Ливерпул во летниот преоден рок по Фабио Карваљо и Дарвин Нуњез.
OhridNews










