„Останете дома, гледајте го првенството на телевизија. Немојте да рескирате, инаку би можеле дома да се вратите во мртовечки сандаци. Мислам дека погрешија што им го доделија ЕП на Полска и Украина, она што требаа да им кажат е да ги решат сопствените проблеми пред почетокот на турнирот. Не заслужувате вака престижен турнир во својата земја додека не ги решите сопствените проблеми“, порача Камбел.Новинари на Би Би Си еден месец снимале емисија за домаќините на ЕП, ги посетиле натпреварите и на самото место се увериле во расистичките испади, нападите врз етничките малцинства, нацистичките поздрави.
УЕФА на ова реагираше дека тоа што се случува во полското првенство е работа на националната федерација, но во соопштението се додава дека во европската куќа на фудбалот има нулта толеранција кон расизмот, дополнувајќи дека судиите кои ќе судат на ЕП имаат право, во случај на инцидент, да го прекинат натпреварот.











