Пандемијата на коронавирусот стави катанец на стадионите во Англија. Не се знае дали, кога и како ќе продолжи фудбалската сезона во Премиер лигата која е стопирано веќе три недели. Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујне има јасен став да се прекине оваа сезона и што побрзо да се заборави. Следната да започне и заврши на време, со оглед дека Европското првенство место годинава ќе се одржи во 2021 година.

Не знам дали ќе играме повторно оваа сезона. Паузата трае веќе шест недели, а обично се потребни подготовки од три до четири недели пред стартот на мечовите. Ако започнеме веднаш тоа значи дека многумина ќе се повредат во првите неколку натпревари. Знам дека има многу пари вклучено и многу емоции, но мислам дека доколку не го направиме тоа ќе имаме големи проблеми и следната сезона. Нема да има долга летна пауза и тоа ќе биде проблем за сите, за фудбалерите и за клубовите. – изјави Де Брујне.

Репрезентативецот на Белгија се пошегува и откри дека на сопругата и рекол дека ќе игра две години повеќе од предвидено да го надополни изгубеното време поради моменталната пауза. Де Брујне со тренинзите заедно со двете деца е хит на социјалните мрежи.

OhridNews