Кошарката во Македонија ќе продолжи, откако четирите суспендирани клубови Куманово, Кожув, Струмица и Карпош Соколи најдоа заеднички јазик со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) околу плаќањето на долговите кои во главно се однесуваат за лиценците за кошаркарите од странство.


Клубовите на КФМ и исплатија поголем дел од сумата, а останатата да ја плаќаат на рати до почнувањето на плејофот или плејаутот.

Остро на хаотичната состојба во македонската кошарка реагираше и охридскиот клуб кој побара брзо решение за доброто на кошарката.

Возбудувањата на терените ширум Македонија ќе продолжат со квалификациските мечеви Струмица – Гостивар односно Вардар – Пелистер за пласман во завршницата од Купот на Македонија.

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид својот трет меч во Првата лига ќе го одигра викендов кој доаѓа на домашен терен против Струмица.

OhridNews