KFW банката омекува во ставот. “Проаква“ ќе се дели
21.02.07 08:56
Претставници на КФВ банката по петдневните интензивни разговори со претставниците на “Проаква“ и на општините Охрид и Струга, деновиве треба да го соопштат кончениот став околу иницијативата за раздржување на меѓуопштинското јавно претпријатие.
Покрај претставниците на германската банка на разговорите присуствувале и претставници на швајцарската влада која неодамна ја финансираше поправката на пумпите од колекторот, не информираше в.д. директорот на МЈП “Проаква“, Бранко Трпчески. Германците не се воодушевени од одлуката на општините за поделба на “Проаква“, но по аргументираната презентација на реалните состојби во јавното претпријатие, тие омекнале во ставовите.
На разговорите, како што ни изјави Трпчески, на претставниците на КФВ банката им било предочено дека сегашната поставеност на ПЈП “Проаква“ е неодржлива и доколку не се изнајде друга форма на организација постои опасниост од колапс на системот.“Јавните претпријатија треба да бидат извори на средства со кои ќе се полни буџетот, не да бидат загубари и фирми кои општините ќе ги санираат. Од тие причини треба да се најде добра форма за функционирање на МЈП “Проаква“, која што ќе биде мотивирачка, стимулативна, и во насока на подобрување на квалитетот на услугите, како и да биде извор на средства за општинскиот буџет“, смета Трпчески.
Трпчески е оптимист дека претставниците КФВ ќа ја сфатат реалната состојбата и дека ќе се согласат со реорганизација на “Проаква“ со што ќе бидат и деблокирани 250.000 евра од кредидитот што геманкста банка и го одобри на “Проаква“. “Да не прејудицирам, но оптимист сум дека средствата ќе се одмрзнат и ќе бидат строго наменски искјористени и дека ќе најдеме форма со која ќе ја задржиме КФВ банката и по реорганизацијата на МЈП “Проаква“ и се надеваме ќе финансира нови проекти во водоснабдителниот и во колекторскиотсистем“, рече Трпчески.
Тој информираше дека МЈП “Проаква“ започна со акцијата за исклучување на неплаќачите како една од мерките што се преземаат за санирање на лошата финансиска состојба во јавното претпријатие.
Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од К...
Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св Апостол Павле Охрид опслужи...
На 16092025 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 29-годишно лице од Струга и на 17092025 околу 11:00 часот лишија од слобода 34-годишно лице од струшкото село Велешт...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.