Дербито на колото во Серија А одиграно на “Олимпико“ помеѓу Рома и првопласираниот Јувентус заврши без победник 1-1. “Волчицата“ со погодокот на Даниеле Де Роси во првиот дел поведе со 1-0 додека конечните 1-1 ги постави дефанзивецот на “старата дама“ Џорџо Киелини. Рома преку капитенот Франческо Тоти не успеа да реализира најстрога казна откако Буфон го “прочита“ ударот на Тоти.


Како се одвиваше натпреварот можеме да бидиме среќни што освоивме бод а не загубивме два. Екипата на Рома пред почетокот на мечот се соочуваше со многу проблеми околу казнети фудбалери и повреди но избраниците на Енрике изиграа доста добар натпревар – истакна стрелецот на голот за Јувентус, Киелини.

“Џало росите“ сезоната не ја започнаа како што најавуваа, после 14-та рунда се наоѓаат на 9-та позиција додека “старата дама“ полека се враќа на шампионските патеки откако е на врвот во Серија А со 30 бодови.

Мх.П.