
Целта е, како што најави организаторот, турнирот да биде традиционален и да се одржува секоја година.
Од “Hvarang Fist” информираат дека оваа година поради немање соодветен ринг, борилиште, ќе има натпревари само во семи-контакт.
Досега се пријавени гости од Грција, Србија и Бугарија,како и клубови од нашата држава.
Натпреварите започнуваат на 20 мај во 11 часот во спортската сала “Билјанини иззвори“.
Г.М.










