– Таму е најдено значајно археолошко богатство и податоци за времето на Филип Втори и подоцнежните македонски кралеви од периодот на третиот и вториот век пред нашата ера. Се работи за еден археолошки монумент што ако целосно го истражиме, конзервираме, реставрираме и презентиране ќе имаме една прекрасна туристичка дестинација и многу научни резултати.-вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.
На киклопските ѕидини во тек се интензивни истражувања на просторот, по што ќе се изврши конзервација и реставрација на пронајденото. Во план е да се направи презентативна тврдина која се очекува да биде значајна дестинација за туристите, бидејќи ќе е блиску до патот Охрид- Кичево-Скопје, додава Кузман.