Составот на Интер е нов лидер на табелата во италијанската Серија А. „Нероазурите“ на домашен терен со 2-1 го совладаа Спал и го искорисија подарокот од Сасуоло кој издржа во Торино ремизирајќи со Јувентус 2-2.

Творец на победата со која Интер се искачи на првата позиција беше Лаутаро Мартинез. Аргентинецот два пати прецизно стрелаше во првиот дел, додека гостите во второто полувреме намалија на 2-1 но не успеаја да останат непоразени.

Јувентус неочекувано ремизираше со Сасуоло на домашен терен. „Старата дама“, поведе во мечот со голот на Бонучи но Сасуоло со два погодоци го сврте резултатот во своја полза, а Роналдо од пенал изедначи на 2-2 кој на крајот се покажа конечен резултат.

Резултати: Јувентус – Сасуоло 2-2, Интер – Спал 2-1, Лацио – Удинезе 3-0, Парма – Милан 0-1, Наполи – Болоња, Верона – Рома

Табела: Интер 37, Јувентус 36, Лацио 30, Каљари 25, Рома 25..

OhridNews