Колона долга речиси 10 километри полека се движи од Стража кон наплатната рампа кај Гостивар. Очевидци кои вечерва патуваат на овој патен правец велат дека извесен период имало целосен застој во сообраќајот.

Од АМСМ информираат дека на овој патен правец не е регистрирана никаква незгода, туку дека се работи за зголемен интензитет на сообраќај. Дополнително проблем создава и семафорот за регулација на сообраќај на планинскиот превој Стража, каде во тек се санациони работи.

Потврда на ова добивме исто така од очевидци, кои за OhridNews изјавија дека во моментов семафорите на Стража се исклучени и дека сообраќајот се регулира физички. 

Километарската колона е од правец на Охрид кон Скопје, додека во обратен правец сообраќајот е умерен.

OhridNews
фото: илустрација