Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјави дека САД не можат да почнат војна против неговата земја сега кога Северна Кореја има нуклеарно оружје, со кое може да погоди било кој дел од американската територија, пренесе „Ројтерс“.

„Целата американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса. Тоа е реалност, а не закана“ изјави Ким за време на новогодишниот говор кој беше пренесуван на телевизија.

Тој нагласи дека Северна Кореја ќе го употреби нуклеарното оружје само ако нејзината безбедност биде загрозена.

OhridNews

Макфакс