Преодниот рок во Формула 1, во текот на оваа недела би можел да доживее кулминација, откако бројни светски медиуми пренесоа дека Кими Раиконен ќе биде нов возач на Ферари, додека Фернандо Алонсо од Ферари ќе се пресели во Лотус, јавува „Макфакс“.
Во минатото Ферари возачката постава за наредната сезона секогаш ја соопштуваше пред трката за Големата награда на Италија, но оваа сезона италијанскиот тим не ја испочитува традицијата.
Шефот на тимот Стефано Доменикали, по трката во неделата објави дека името на новиот возач кој ќе пристигне во тимот ќе биде соопштена најверојатно во среда.
Иако до трката во Монца враќањето на Раиконен во Ферари изгледаше речиси невозможно, медиумите пренесуваат дека откако Ред Бул го потврди Даниел Рикардо како втор возач за следната сезона, а германската телевизија RTL објави дека Раиконен се договорил со Ферари, дека настанал пресврт во целата ситуација.
Наводниот договор на Раиконен со Ферари, според шпекулациите го разлутил Алонсо, кој според германските медиуми со помош на Сантандер по трет пат во кариерата во Естон, односно во тимот на Лотус.
Шпанските медиуми засега мудро молчат, о никој не ја исклучува можноста работите да се одвиваат онака како што објавија Германците.
Интересно, германските медиуми не ја исклучуваат можноста покрај Алонсо и Фелипе Маса да се пресели во Лотус.
Сигурно е дека доколку Раиконен пристигне во Ферари, а го задржи Алонсо, тогаш италијанскиот тим ќе ја има најдобрата постава на возачи.
Сепак, јасно е дека Алонсо не сака таква конкуренција во тимот, додека Раиконен никогаш и немал некои посериозни проблеми со тимските колеги.
OhridNews
извор:„Макфакс“