Македонската фудбалска репрезентација на 26 декември ќе ја има последната пријателска контрола во 2010 година. Противник на Македонија ќе биде слекцијата на Кина, а за овај термин кој не е на ФИФА распоредот селекторот Мирсад Јонуз најави комбиниран состав на играчи од домашното првенство и интернационалци.


– Слично како и за мечот во Корча, Албанија ќе ги повикам оние интернационалци кои се слободни во тој момент. На оваа пријателска средба нема да сметам на докажаните репрезентативци, туку интенцијата ќе биде да им се даде шанса и да се пробаат неколку нови фудбалери – вели селекторот Јонуз во изјава за “Македонски Спорт“.


По зеленото светло од селекторот, деновиве фудбалските федерации на двете земји треба да ги договорат деталите за нашето гостување во Шангај.

фото Емилио
М.П.