Кинески инвеститори се заинтересирани да отворат современ кинески ресторан во Охрид, информираат од локалната самоуправа по средбата на градоначалникот Никола Бакрачески со кинескиот амбасадор Цуј Џивеи.

На средбата била договорена и посета на големиот кинески пристанишен град Далијан кој е збратимен со Охрид, од која се очекуваат конкретни економски резултати.

– Градот Далијан планира да помогне со донации во опремувањето на училиштата и пречистителните станици во нашиот град, велат од локалната самоуправа.

OhridNews