Кинеската Јутон груп единствено достави понуда до Министертвото за транспорт и врски за изработка на 15 панорамски двокатни автобуси за Скопје и Охрид. Цената на јавната набавка изнесува околу 2,5 милиони евра.
Двокатните отворени автобуси ќе бидат опремени со слушалки и друга опрема за панорамско разгледување.
Кинескиот производител овие автобуси треба да ги достави до крајот на 2012 година.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека постапката за набавка на панорамските автобуси е законска, затоа што таа отпочнала пред распишувањето на предвремените парламентарни автобуси.











