Во рамки на посетата на Македонија претставници на туроператори и новинари од Н.Р.Кина денеска ќе престојуваат во Охрид.

Кинеската делегација, која во земјава престојува на покана на Агенцијата за промоција и поддршка на туризамот и Амбасадата на Р.Македонија во Н. Р. Кина, ќе оствари средби со туристичките работници и ќе ги разгледа културно историските знаменитости на градот.

OhridNews