Македонската фудбалска репрезентација ги финишира подготовките за патувањето во Кина. Селекторт Мирсад Јонуз смета дека мечот со Кина е исклучително корисен, посебно во овој временски период кога фудбалерите не се активни во клубовите.

Играчите кои се повикани за овој натпревар се во најдобар ред и нема никакви пријави за повреди или откази. Според информациите кои ги имаме за временските услови, температурата и амбиентот одговараат да се одигра еден добар натпревар. Многу информации за играчите и формата на Кинеската репрезентација немаме, меѓутоа мора да се напомене дека имаат едно учество на СП во 2002 година – вели селекторот.

Подготвките започнуваат денес со прозивката во Хотел Стоун Бриџ, а потоа првиот тренинг е во 15.00 часот на “Арена Филип II  Македонски“. – На играчите ќе им предочам дека само со мотивирана и организирана игра може да се оствари добар резултат и да се наметнат за потесен состав на А репрезентација. Со овој натпревар ќе ја завршиме календарска 2010 година и воопшто не сум оптеретен со пласманот на ФИФА ранг листата туку одлучни сме да создадем нови вредности – исткна Јонуз.
За Кина ова е натпревар од подговтителниот циклус за азискиот куп кои ќе се одржи во јануари во Катар.

Ohridnews