Висока делегација на Асоцијата за пријателство на кинезите во странство од провинцијата Куангонг, предводена од претседателот Џоу Шенхонг и претставници на Федерацијата за индустрија и трговија, деновиве беше во официјална посета на Општина Охрид.


Претседателот на Советот на општина Охрид Душко Јаковчески и раководителот на секторот за туризам и локален економски развој Гоце Симоноски , гостите ги запознаа со можностите на Охрид за привлекување странски капитал,  пред се во областа на туризмот и градежништвото.


Гостите од Кина пројавија првичен интерес за нивно присуство во Охрид и Македонија и ветија дека по средбите со нивните компании ќе испратат писмо за нивните намери за инвестирање.

OhridNews