„Шокирани сме од овие информации. Дрогба е наш фудбалер“, стои во
официјалното соопштение на Шангај Шенхуа, откако пред два дена беше
објавена информацијата дека Дидие Дрогба потишал 18-месечен договор со
Галатасарај.

Турскиот тим информира дека како обештетување платил четири милиони евра, а Дрогба ќе има годишна плата од шест милиони евра.„Овој случај ќе го проследиме до ФИФА. Ние мора да ги заштитиме своите
интереси бидејќи сме измамени“,
стои во соопштението на кинескиот клуб.

Дрогба во моментов со својата репрезентација се наоѓа на Африканскиот
куп, на Галатасарај треба да му се приклучи по завршувањето на
континеталното првенство на Африка.

“Макфакс“