Легендата на “црвените“ Кени Далглиш, не е повеќе менаџер на Ливерпул. Шкотланѓанецот стигна до трофејот во Карлинг Купот, а го одведе Ливерпул и во финалето од ФА Купот каде што беа поразени од Челси.

Но сето тоа беше премалку за американските газди. Проблемот на Далглиш бил во слабата престава на Ливерпул во Премиер Лигата. “Црвените“ од Енфилд завршија на осмата позиција, и благодарение на освојувањето на Карлинг Купот ќе играат во Лигата на Европа.

Мх.П.