Анита Кипаризовска-Крстеска, пратеничка  во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  денеска ќе одржи прес-конференција во Општинскиот комитет на партијата во Охрид на која ќе изнесе дел од ставовите и видувањата на членовите на ДПМНЕ за актуените случувања.

Пресот ќе се одржи во центарот за комуникации со почеток во 10 часот и 30 минути.

Пред два дена, општинскиот огранок на оваа партија на прес-конференција ја критикуваше локалната администрација заради тоа што Стратегијата за локален економски развој на Охрид иако е напишана на обемни 232 страници, сепак не е операционализирана. Оттаму најавуваат дека прес-конференциите и напорите да им се обезбеди подобра иднина на граѓаните ќе продолжат и натаму.

А. Ристоска