
Таа денеска се осврна и на новиот Закон за јавна чистота како и на финансирањето на Јавното претпријатие “Охридски комуналец”. “Голем дел од товарот за создавање услови за спроведување на овој закон паѓа на јавното претпријатие ” Охридски комуналец” како директен носител на овие јавни функции. Но од друга страна, за негово нормално функционирање е потребно да се издвојат соодветни буџетски средства. Противзаконски е трошење наменски средства предвидени за услугите и прибрани од граѓаните за други цели”, рече Кипаризовска -Крстеска и објасни дека не може од ѓубретарината или од приходите од погребални услуги да се финасира чистење на јавни улици, поставување канти за смет и озеленување на парковите. Според пратеничката, “за услуги за кои по програмите на “Охридски комуналец” треба да наплати износ од 37.255.475 денари, буџетот предвидува само 9.000. 000 денари”.
Од говорницата на охридскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Анита Кипаризовска -Крестеска запраша зошто директорот на јавното претпријатие “Охридски комуналец” молчи и ја спроведува програмата со овие издвоени средства од буџетот на Општина Охрид.
Ohridnews












