Репрезентацијата на Македонија после девет години се враќа во Хрватска од каде во 2009 година започна ракометна ренесанса во нашата земја. Тогаш на светски собир овој пат на континентален со далеку поголемо искуство и поголеми мотиви. Затоа во фокусот на специјализираната интернет страна за ЕП во Хрватска се најде капитенот на „црвено жолтите“, Кирил Лазаров. Тој зборуваше за ривалите Германија, Словенија и Црна во групата и за целите кои ги имаа Македонија во Хрватска.
– Се наоѓаме во многу интересна група во која нема ниту еден аутсајдер. Со три балкански репрезентации и актуелниот бранител на трофејот може да очекуваме изненадувања, особено поради поддршката која ќе ја добиеме ние, словенците и црногорците. Моментално имаме одлична комбинација на млади и искусни играчи и како тренер го имаме феноменалниот Раул Гонзалез. Едвај чекам да започне шампионатот, бидејќи чувствувам голема мотивација за докажување и надигрување. Се надевам дека ќе имаме голема поддршка во Загреб. – изјави Лазаров.
Ракометарот на Нант очекува голема поддршка од трибините која никогаш не изостанала кога Македонија игра на Светско или Европско првенство.
– Сите во Македонија зборуваат за ЕП, па се надевам дека стотици или можеби илјадници ќе допатуваат во Загреб. Секако зависи од почетокот на првенството. Ако одиграме добро и се пласираме понатаму, уште повеќе фанови ќе пристигнат во следната фаза. – додаде Лазаров.
Тој потенцираше дека има добри спомени од Хрватска играјќи пет години за Загреб и рекордот од 92 погодоци на еден ракометен Мундијал поставен во 2009 година.
OhridNews