Ракометарот Кирил Лазаров и тенисeрката Лина Ѓорческа се прогласени за најдобри спортисти на Македонија во 2016 година.


Во традиционалниот избор на Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт лауреати се и Блгоја Милевски, младата фудбалска репрезентација на Македонија, женската раскометна репрезентација, Шаховската федрација на Македонија, Филип Талевски, Моника Пендаровска и Оливера Наковска-Бикова.

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаро, трет пат во кариерата е добитник на наградата за најдобар спортист на Македонија.

„Наградата преставува огомна чест. Ние во ракометот имавме една турулентна година, но мораме да учиме од грешките. Имаме потенцијал, знам дека Македонија не треба да се грижи за иднината. Веувам дека ќе направиме многу успеси во 2017 година“, рече Лазаров, пренесува „Макфакс“.

Лина Ѓорческа прв пат во кариерата ја доби оваа награда, таа е првата Македонска која настапила на еден гренд слем турнир.

„Благодарам на сите кои ми помогнаа да стигна тука. Се недевам дека довербата ќе ја оправдам веќе на Австралија Опен. Им посакувам среќа на младите фудбалери на ЕП. Би сакала наредната година да биде исполнета со уште повеќе спортски успеси и повотрно да се видиме тука“, рече Ѓорческа.

За најдобри млади спортисти се прогласени ракометарот на Металург и македонски репрезентативец Филип Талевски и репрезентативката во карате Моника Пендаровска.

Најуспешен тренер е селекторот на младата репрезентација во фудбал Благоја Милевски.

Малдите фудбалери се најуспешен национален тим во мажка, а ракометарките кои изборија пласман во баражот за СП во женска конкуренција.

Шаховската федерација на Македонија е најуспешната спортска федерација, додека најдобар спортист со инвалидитет е Оливера Наковска-Бикова.

OhridNews