Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски дополнително го повика Кире Маркоски од Работнички за контролниот натпревар против Норвешка на 11. ноември на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Охриѓанецот ќе го замени во офанзивниот ред напаѓачот на Палермо Илија Несторовски кој е ослободен од репрезентативни обврски за овој дуел.
Поради повреда селекторот Ангеловски нема да може да смета ниту на Никола Ѓорѓев, а ослободени од обврските се Кире Ристевски и Висар Муслиу кои се пожалија на повреди.
OhridNews