Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски за мечот со Шпанија во квалификациите за СП во Русија вклучи седум фудбалери од У21 селекцијата.


Младата селекција низ квалификации обезбеди пласман на Европското првенство следната година, а награда за историскиот успех за фудбалерите стигна веднаш со повик во А селекцијата.

Меѓу седуммината повикани е и охриѓанецот Кире Маркоски кој со четири погодоци беше најдобар стрелец на младата селекција во квалификациите.

Натпреварот со Шпанија се игра на 12 ноември, а домаќин „фуријата“ ќе биде во Гранада. Македонија по три одиграни мечеви нема ниту еден бод додека Шпанија со седум поени ја дели првата позиција со Италија.

 

OhridNews