Охриѓанацот Кире Маркоски беше творец на триумфот на Спартак Трнава (3-1) на домашен терен против екипата на Дунајска Стреда. Офанзивниот фудбалер асистираше за водечкиот погодок во првиот дел, а на стартот од второто полувреме погоди за ново водство (2-1).

  • Многу важна победа! Добра игра на целиот тим и неверојатна поддршка од навивачите. Среќен сум што и помогнав на екипата со гол и аситенција да побед. Одиме напред ! – напиша охриѓанецот на својот официјален профил на социјалните мрежи.

23-годишниот Маркоски во редовите на Спартак Трнава настапува како позајмен фудбалер од АЕЛ, каде се пресели на почетокот од оваа сезона.

OhridNews