
Според партијата, „Груевски и Ставрески сакаат да ги задолжат граѓаните на Република Македонија кај домашните банки за нови 100.000.000 евра“.
-Ова ново задолжување е доказ дека државната каса е празна и зависна од нови и нови задолжувања. Ова задолжување е доказ дека е загрозена исплатата на платите и пензиите, до тој степен што државната каса е во состојба да не може да ги дочека средствата од еврообврзницата кои треба да бидат оперативни за само неколку дена, стои во соопштението од СДСМ.
Од СДСМ велат дека имаат обврска да не дозволат дополнително задолжување на идните генерации.
OhridNews
Извор:„Утрински Весник“











